Фирмата Емша Шпед  ДООЕЛ е основана 1999 година од страна на сегашниот сопственик  Г-нот Емшов Марјан.  Фирмата започна да работи како мала транспортна компанија која поседува само 1 камион, а денес фирмата поседува повеќе од  120 камиони и има голем број на партнери од Македонија, од соседните држави и од цела Европа.

        Во денешно време главната дејност на фирмата е транспорт на секаков вид на добра и располага со секаков вид на камиони, и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколица, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколици, троосовински камиони за транспорт на добра потешки од вообичаените утовари (27-30 тони) итн...

        Нашата работа се одликува со ефикасност, навременост и точност.  Повеќегодишното искуство во областа на транспортот, искусните диспечери и професионалните возачи се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 13 години.

        Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што сме избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија за 2011 година.

        Сето тоа не прави стабилна и конкурентна меѓународна компанија за транспорт и шпедиција која секојдневно го зголемува обемот на својата работа и со тоа ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот.