Генерален Менаџер - Г-дин Емшов Марјан

        Љубов кон работата, вложување многу труд и напор, се разбира и средства, но често и одрекување од некои секојдневни задоволства, како и коректна партнерска соработка и секако силна желба за успех – тоа се основните постулати за да се стане квалитетен патен транспортер не само во Македонија, туку и пошироко.  Токму тоа го има постигнато г-нот Емшов Марјан, сопственик на две транспортни компании.

       Тој е роден 16.08.1975 година во Неготино.

       Уште како мал пројавува желба за работа со транспорт и со сопствен труд постигнува голем успех во работата со меѓународниот транспорт.

       Во 1999 ја основа фирмата ЕМША ШПЕД ДООЕЛ со седиште во Неготино, Македонија.

        Во 2008 година основа уште една фирма ИМПЕРИАЛ ШПЕД ЕООД во Бугарија со што го зголемува обемот на својата дејност.

        Тој стои на позицијата управител на двете компании од нивното основање до сега.  Резултат на неговите заложби во областа на транспортот се 80 возила со кои располагаат двете фирми и повеќе од 150 возила со кои работи врз основа на договор, значи вкупно повеќе од 200 возила.

       Неговите цели се константно зголемување на обемот на работа, преку зголемување на бројот на возила и зголемување на партнерите како од Македонија така и од Европа.