Услуги

Услуги

Работни часови

Пон – Пет: 8:00 – 17:00

Јавете ни се

00 389 43 371 999

Пратете ни емаил

info@emsasped.com.mk

Главната дејност на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ е транспорт на добра од сите држави во Европа: (Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Германија, Холандија, Белгија, Австрија, Италија, Шпанија, Португалија, Англија итн…)

Нудиме можност за соработка со сите транспортни фирми кои поседуваат возила со CEMT дозволи или се во сопственост на фирма регистрирана во земја членка на EU за вршење на транспорт на добра во земји во EU на неопределен рок, врз основа на склучен договор со ЕМША ШПЕД ДООЕЛ.

Работата извршена од нас мора да биде на високо професионално ниво, нашите камиони и сите други камиони кои работат за нас се комплетно опремени со ADR сертификати, сите возила поседуваат ADR дозволи.  Посебно се грижиме за безбедноста на робата којашто ја превезуваме, па така сите камиони во сопственост на ЕМША ШПЕД поседуваат CMR осигурување издадено од престижна Австриска Осигурителна компанија.  Истата можност за осигурување ја нудиме на сите превозници коишто работат за ЕМША ШПЕД, на кој начин гарантираме комплетна безбедност како за робата така и за самиот транспортер.  Вашата роба можете комплетно да ни ја доверите, ние гарантираме комплетна безбедност како за робата така и за самиот транспортер, бидете сигурни дека Вашата роба ќе биде товарена и истоварена од истиот возач под целосна негова одговорност.

Во моментот работиме со повеќе од 200 камиони ( стандард, мега, троосовинци…) на најразлични релации.  Сите камиони поседуваат GPS навигации се со цел навремено, одговорно и предвреме испланирано доставување на робата којашто се транспортира.

За повеќе информации можете да се обратите на контакт броевите или на контакт адресите до вработените во оделот за планирање на транспорт.

Се стремиме да го заштитиме интегритетот на синџирот на снабдување во име на нашите клиенти.

  Нашите 4 вредни принципи:

навремено

Неоштетено

сигурно

согласно