ИСТОРИЈА
РАБОТНИ ЧАСОВИ
Пон – Пет: 8:00 – 17:00
ЈАВЕТЕ НИ СЕ
00 389 43 371 999
ПРАТЕТЕ НИ ЕМАИЛ
info@emsasped.com.mk
Историја
Фирмата Емша Шпед ДООЕЛ е основана 1999 година од страна на сегашниот сопственик Г-нот Емшов Марјан. Фирмата започна да работи како мала транспортна компанија која поседува само 1 камион, а денес фирмата поседува повеќе од 200 камиони и има голем број на партнери од Македонија, од соседните држави и од цела Европа.
Во денешно време главната дејност на фирмата е транспорт на секаков вид на добра и располага со секаков вид на камиони, и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколица, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколици, троосовински камиони за транспорт на добра потешки од вообичаените утовари (27-30 тони) итн…
Нашата работа се одликува со ефикасност, навременост и точност. Повеќегодишното искуство во областа на транспортот, искусните транспорт планери и професионалните возачи се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 21 годинa.
Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што сме избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија од 2011 година до 2019 година
Сето тоа не прави стабилна и конкурентна меѓународна компанија за транспорт и шпедиција која секојдневно го зголемува обемот на својата работа и со тоа ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот.
ЕФИКАСНОСТ
НАВРЕМЕНОСТ
ТОЧНОСТ
ФАКТИ
ФАКТИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА СЕБЕ