Технички Преглед ЕМША

Работни часови

Пон – Пет: 7:00 – 16:00

Јавете ни се

00 389 43 361 285

Пратете ни емаил

tehickipregled.emsa_1@yahoo.com

Технички Преглед ЕМША

Дозволете ние да бидеме правиот избор за Вашето возило и да Ви ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  Единствени сме во нашиот квалитет и технички услуги. Нашето големо искуство и  современи методи Ви ја даваат потребната сигурност на Вашето возило. Благодарение на стручно оспособените кадри, секој специјализиран за својата дејност ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ЕМША е подготвен во секој момент да одговори на вашите барања и потреби. Нашата станица за технички преглед Ви стои на располагање, која Ви нуди брз, целосен и сигурен сервис. Нашите клиenти и нивната сигурност се на прво место. Големиот број на возила кои секојдневно поминуваат во нашата станица за технички преглед се нашиот доказ за квалитет и услуга. Доверете  ни го вашето возило и ние соодветно ќе се погрижиме за него.

Технички Преглед

технички преглед емша шпед

Станицата за технички преглед ЕМША ги нуди следниве услуги:

  • Технички преглед на патнички моторни возила
  • Технички преглед на товарни моторни возила.
  • Технички преглед на приколки.
  • Технички преглед на возилa на моторен погон со две, три или четири тркала
  • Технички преглед на трактори и тракторски приколки
  • Услуги за регистрација.
  • Инспекција (контрола) на аналогни и дигитални тахографи
  • МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
  • ПОЛНОМОШНО за управување на туѓо моторно возило во странство
  • Потврда за исполнетост на ТЕУ за патнички возила.
  • Потврда за исполнетост на ТЕУ за товарни возила.
  • ХОМОЛОГАЦИЈА-Одобрување на возила
  • АТЕСТ- Одобрување на преправени возила
  • ЦЕМТ- Проверка на подготвеност на возила за сообраќај
  • АДР – Испитување на возила кои превезуваат опасни материи
технички преглед емша шпед
Специјален бенефит
прицврстување, балансирање, центрирање на гуми

Станицата за технички преглед ЕМША може да Ви ги понуди и следните услуги:

  • Монтажа и демонтажа на гуми
  • Лепење на гуми
  • Балансирање на гуми
  • Центрирање на преден и заден трап
  • Дотерување-штелување на светла на возилото
  • Проверка на амортизери
  • Перење на возилото (рачно/машинско)
  • Подмачкување на товарно возило/трактор
прицврстување, балансирање, центрирање на гуми

Регистрација

Технички преглед ЕМША

Продолжување на регистрација

Потребни документи:

  • барање за регистрација (изготвува СТП ЕМША)
  • сообраќајна дозвола лична карта и сопственикот
  • лично овластување за регистрација (правни лица)

Прва регистрација

Потребни документи:

  • барање за регистрација (изготвува СТП ЕМША)
  • фактура за купопродажба
  • царинска потврда и царинска декларација
  • хомологација
  • лична карта и сопственикот лично
  • овластување за регистрација (правни лица)
ИТ-093-33 тахографи

Тахографи

СТП ЕМША е акредитирана работилница за калибрација на аналогни и дигитални тахографи според стандартот МКС EN ISO/IEC 17020:2012 Тип Ц. СТП ЕМША е овластена за вршење на дејноста од страна на Министерството за транспорт и врски.

Проверката и калибрацијата на дигиталните и аналогните тахографи е задолжителна и се врши на секои две години. Исто така при промена или поправка на тахографот како и промена на димензија на пневматиците.

Акредитирано инспекциско тело

Сертификат за акредитација број

ИТ – 093

Акредитирано тело

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ЕМША ДООЕЛ Неготино Инспекциско тело за аналогни тахографи, дигитални тахографи

Адресa

Ул. Индустриска бр.28, 1440 Неготино tehnickipregled.emsa_1@yahoo.com тел. 072-218-985

Краток опис на опсегот на акредитација

Инспекција (контрола) на аналогни и дигитални тахографи

Прва акредитација

09.10.2015

Дата на важност на сертификатот

08.11.2023

МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Потребни документи:

  • 2 фотографии
  • возачка дозвола
  • лична карта или пасош

Времетраењето на меѓународната возчка дозвола е 3 години. Цената е 880,00 денари.

ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО СТРАНСТВО (ПОЛНОМОШНО)

Потребни документи:

  • сообраќајна од возилото
  • лично сопственикот на возилото со документ за идентификација
  • корисникот на возилото со пасош

Времетраењето на полномошното е 1 година. Цената е 570,00 денари

ECMT

Во AM Церт можете да направите контрола на подготвеноста на возила за учество во меѓународен транспорт.

Технички преглед на возила

Техничките прегледи се вршат со цел да се провери техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата.
Техничкиот преглед е постапка со која што правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив определени со Законот за возила, прописите донесени врз основа на тој Закон како и упатствата на производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките прегледи.
При вршењето технички преглед се утврдува дали возилото ги има и се во исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за осветлување на патот и на возилото и за изпуштање на согорените гасови, како и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во сообраќајот.
Во Законот за возила се предвидени два вида на технички прегледи на возилата:
  • редовен технички преглед
  • редовен периодичен технички преглед
  • вонреден технички преглед.

Редовен технички преглед

 

Возила што се вклучени во сообраќајот на патиштата, со исклучок на мотокултиватори и работни машини, задолжително се прегледуваат на првиот и на периодичните технички прегледи.

Опис на постапка

  1. Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено, од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото .
  2. Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото доколку сака може да го следи техничкиот преглед што се врши над возилото.
  3. Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата.
  4. Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно возило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).
  5. Доколку на техничкиот преглед е утврдено дека возилото е технички исправно, се издава писмен документ во кој се назначува рокот кога на возилото треба да се направи наредниот технички преглед.

 

Периодични технички прегледи се извршуваат на секои шест месеца за:

  • возила за јавен превоз на патници,
  • автобуси,
  • возила што се употребуваат за оспособување на кандидати за возачи,
  • возила што се употребуваат за превоз на група деца,
  • возила што се опремени како возила со право на првенство на минување, односно возила за придружба, освен возила кои се користат од противпожарните служби за гасење на пожар, што по облик и намена се возила за гасење на пожар,
  • возила за изнајмување (рент-а-кар) и
  • возила за превоз на опасни материи.

Вонреден технички преглед


Вонредните технички прегледи се вршат над возила упатени со писмен налог од овластено службено лице, во случаи и на начин утврдени со закон, заради изведување на нивна проверка. Извршениот вонреден технички преглед не влијае на рокот за извршување на периодичните технички прегледи. Постапката за вршење на технички преглед се одвива во следниве фази утврдени со Правилникот за вршење на технички преглед на моторни и приклучни возила, трактори и земјоделски трактори:
  • Идентификација на возилото;
  • Проверка на масените вредности и димензиите на возилото;
  • Уред за одвод и испуштање на согорените гасови;
  • Преглед на уредот за сопирање;
  • Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост;
  • Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило;
  • Преглед на возната постројка и каросеријата односно самоносечката конструкција
  • Преглед на оските, тркалата и пневматиците;
  • Преглед на уредот за управување;
  • Преглед на моторот и погонските уреди;
  • Преглед на светлосните и светлосно – сигналните уреди;
  • Преглед на контролните и сигналните уреди;
  • Преглед на уредот за давање на звучни сигнали;
  • Останати уреди и опрема

Имате прашање?

Тука сме да ти помогнеме!